Новости

За нас

Фирмата АЦ ДЦ е формирана во ноември 1994 година. Од летото 1995 година го презема техничкото одржување на тогашната фирма:" Градски Кина" (Повеќе од 12 (дванаесет) кина) и тоа конкретно во делот на озвучувањето на кино салите, односно одржување на уредите за обработка на прочитаниот аудио запис од 35мм филмска лента (процесори, засилувачи, звучници,светлосни читачи ).

Кино звук

Се јавува потреба од додатно стручно усовршување на оваа поле што резултира во посета на Dolby Laboratories, компанијата во Англија. По стручното усовршување и добивање на лиценца и официјално дистрибутерство за Македонија ( во 1996), АЦ ДЦ станува единствена фирма во Македонија официјален дистрибутер и сервис на оваа реномирана компанија.

Првиот поголем проект представува замена на словенечкиот аудио систем во тогашното кино Центар (сега Милениум)со вистински Dolby SR сураунд систем.

Од тогаш АЦ ДЦ е редовен посетител на годишните семинари и усовршувања во Dolby Laboratories континуирано оддржувајки чекор со најновите светски достигнувања во кино-техниката. Во исто време е потпишан и првиот договор за техничка подршка на Интернационален Фестивал на Филмска Камера - "Браќа Манаки" во Битола Во 1996/1997 АЦ ДЦ официјално станува прв и единствен сервис за кино-техника во Македонија.

 

Проекција и проектори

Со работата се наметна и потреба за стручно усовршување во делот на проекцијата и проекторите како и во дизајнирањето на кино екранот . Од тие причини во 1998 година направена е посета на MEOPTA-Чешка Република и стручно усовршување во KINOTON-Германија при што е добиена лиценца и застапништво за Македонија. ЛИНК КИНОТОН 1).

АЦ ДЦ секоја година исто така е присутна на саемот Cinema EXPO во Амстердам. Со овие редовни посети и настани се заокружува комплетниот техничко-едукациски дел за киноприкажувањето и континуираното следење на најновите трендови во кино индустријата. Тие го позиционираат АЦ ДЦ високо во рангот на фирмите што се занимаваат со киноприкажувачка техника.

 

Акустика

Паралелно со остручувањето во областа на кино-техниката (звукот и сликата) се појави и потреба од дефинирање на акустичките особености во салите како и нивно валидно мерење, анализирање и дизајнирање. Тајните на просторната акустика се совладани на стручните усовршувања и курсеви во Dolby и KINOTON и преку макотрпни мерења на звучните особености на салите низ Македонија. Со набавка на италијанскиот CLIO систем за акустични мерења и анализи (хардвер и софтвер) овие зафати стануваат хеизбежна финеса на АЦ ДЦ при дизајнирање или нагодување на акустиката во салите и просториите. При тоа, секогаш сме подготвени за соработка и консултации за акустиката и акустично дизајнирање како и за изведба на проекти.

 

Дигитално и Е - кино

Во поново време се појавија трендови за дигитализација на кината.Во овој момент промените во технологијата се одвиваат со забрзан чекор насекаде во светот. Исто така е забележителна и се поголемата тенденција на вградување на дигитално контролирана променлива акустика (дигитални процесори) во салите што ги претвора постоечките стари сали во мултимедијални центри и исплатливи за изведување на секаков вид на претстави.

 

СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕТЕ ДОБРОДОЈДЕНИ ЗА ПРАШАЊАТА ОКУЛУ ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И КИНО ДИЗАЈНИРАЊЕТО.

acdc-dcac@acdc-dcac.eu | tel. +389 (0)2 3216 988 fax. +389 (0)2 3216 993

 

Денес

Сопствената иновативна и развојна компонента секогаш представува приоритетна активност од највисок ранг, и со највисоки вложувања во компанијата.

Денес компанијата АЦ ДЦ практично функционира низ 3 (три) независни целини кои соработуваати се надополнуваат.

  1. Сектор производство : Сопствено производство на пренапонски заштити www.acdcprotection.com. Производството на пренапонските заштити е изградено врс основа на нашите 4 (четири) патенти кои добитници на повеќе од 20 (дваесет) домашни и меѓународни признанија.

    Продажба на УПС –уреди за непрекинато напојување.

    Застапништва за УПС системи:

  2. Аудио-сектор www.audioacdc.com кој се заснова на 2 (два) наши патенти. Основни активности се дизајн и изведба на аудио хардвер како засилувачи и звучнички кутии.
  3. Кино секторот е погоре објаснет.Треба да се додаде постигнувањето за остварено производство врз основа на патентот за Македонски црвен читач за 35мм цијан филмови. Инсталирани се неколку вакви читачи во Македонија и јужна Србија на МЕО и ИСКРА проектори. Тие функционираат и ден-денес.

 

Наша резиме за симнување CV)

 

Некои корисни линкови:

  1. Објаснување на различните 3D кино системите за проекција
  2. Долби Дигитални решенија
  3. Долби 3Д
  4. Објаснување на Долби 7.1 форматот на звук Процесор ЦП650

Контакт

Адреса:
Дане Крапчев бр.2 | 1000 Скопје Р. Македонија
тел. +389 02 3216 988 | факс +389 02 3216 993
acdc-dcac@acdc-dcac.eu | www.kinoacdc.com

 


View Larger Map

Галерија